
Топ Тема 21.05.2019
Удрени темелите на новата тајна служба, вработените ќе ги бираат политичари. Тројца потпретседатели на СДСМ со спротивставено мислење за тоа каков лик да добие новата Агенција за национална безбедност.
И додека се расправа за надлежности на директорот на новата УБК и профилот на вработените во агенцијата, премиерот останува со големите овластувања во разузнавачката сфера.
Во Топ Тема со Снежана Лупевска Созен дебатираа пратеничката Фросина Ременска –Ташевски, поранешниот министер Павле Трајанов, универзитетскиот професор Александар Нацев и новинарот Миомир Серафиновиќ.