Дали политичката бомба „Ибица“ во Австрија ќе го потресе Европскиот парламент

Претседателот на Европската комисја Жан Клод Јункер одби да ја коментира политичката криза во Австрија, но ги повика гласачите „да и свртат грб“ на крајната десница на претстојните европски избори. Во австрискиот парламент се очекува канцеларот Курц по барање на Слободарската партија да биде соочен со гласање за неговара доверба. Курц викендов по состанокот со претседателот Ван дер Белен најави избори на почетокот на септември. Но, кризата се продлабочува привремената влада, што се случува првпат по Втората Република има премногу празни фотељи- обезглавени се ресорите одбрана, социјала, надворешни работи, откако вчера поднесоа оставки сите министри од ФПО, солидаризирајќи се со министерот за внатрешни работи Херберт Кикл, кого Курц го разреши.

Слободарската партија, на тоа мислите, најави дека целосно ќе ја напушти владата ако се смени министерот за внатрешни работи. Ако тоа случило, верувам дека тоа е точно, се договоривме со претседателот дека ќе ја зачуваме стабилноста до изборите. Оттука испразнетите работни места во министерствата ќе ги пополниме со експерти и високи државни службеници, изјави Курц.

На новинаерско прашање што ќе му препорачате на австрискиот канецелар во ова време на криза, Јункер дециден – немам навика „да им давам јавно совети на шефовите на влади“. Австрија во недела бира претставници во Европскиот парламент, а Јункер на гласачите им сугерираше да ја отфрлат, како што рече, “опасноста на крајната десница“.

Денеска не можам да предвидам, но секој Австриец кој ќе оди на избори, дали е тоа во мојот сакан Тирол, каде одам на летување и никаде на друго место во Австрија, мора да знае едно во моментот кога го ставаат ливчето во гласачката кутија. Тој ден во тој момент мора да се запрашаат: „Ако секој би гласал како јас, како би изгледала Европа утре наутро?“. на тој начин секој би знаел што не треба да направи, рече Јункер.

Претседателот на Европската комисја, на конференцијата на Европските синдикати во Виена не сакаше да зборува на англиски, тврдејќи дека додека сите „го разбираат јазикот, никој не ја разбира Англија“. Политичката бомба во Австрија одекна во саботата кога вицеканцелатор Штрахе си поденесе оставка по објавата на тајно снименото видео на Ибица каде тој договара бизнис со наводна внука на руски олигарх. Дали детонацијата ќе го потресе и Европскиот парламент ќе се знае на изборите в недела. Експертот за Балканот Флоријан Бибер смета дека падот на Штрахе е добар знак за Западен Балкан бидејќи оваа политичка сила не работеше во интерес на проширувањето на ЕУ.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ