Аферата „Ибица“ ја турка австриската влада во криза, опозицијата бара нови избори

Аферата „Ибица“ ја турка австриската влада во криза, опозицијата веќе бара нови избори. Коалициониот партнер на австрискиот канцелар Курц, вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе си поднесе оставка, откако два германски медиуми објавија видео како бара пари од девојка која се претставува како внука на руски олигарх. „Последен ден на Штрахе во владата“ славеа денеска демонстрантите. Пред Курц се две можности да го замени Штрахе со друг или да и стави крај на оваа коалиција и да распише нови избори.

– Не постои влада која би коалицирала со Слободарска партија на Австрија. Тоа го знаат сите во Австрија, дури и оние кои се далеку од ФПО, а канцеларот Курц ги донбесе во владата. Тоа нема да помине, рече еден демнострант.

Деновите на владејачката коалиција во Австрија помеѓу крајната десница со анти-имиграциска стратегија и народна партија на Курц и се избројани. Само неколку часа по обелоденување на тајно снименото видео Штрахе на масата на Курц ја испорача својата оставка, си заминува и од лидерската позиција на партијата, пред медиумите рече ова е “исклучително засрамувачка, пијана афера”. Според него станува збор за „политички атентат“ во кој и неговиот партиски колега Јохан Гуденус падна како жртва. Но, што се случуваше на Ибица? За колкави суми лажната инвеститорка, преку разни здруженија и партиски поддржувачи се нудеше да купи дел од виенскиот весник „Кронен Цајтунг“ кој требаше да му обезбеди водство на Штрахе на изборите. Дејството се случува во јули 2017 година, три месеци пред парламентарните избори во Австрија, по кои Штрахе стана заменик-канцелар.

Видеото насловено „Дали може да се купи австрискиот вицеканцелар“, го снимиле новинари на „Шпигел“, кои во соработка со колеги од „Зидојче Цајтунг“, му го наместиле целиот случај на Штрахе. Тука е и неговиот неговиот партискиот потпретседател Јохан Гуденус, разговараат за наивноста на донаторите со наводната внука на рускиот олигарх.

Во својата изјава денеска, која траеше неколку минути, Штрахе се извини за своето, како што рече, „пијано мачо однесување“ на Ибица. „Се однесував како тинејџер, се перчев“.

Тој повеќепати потенцираше дека бил под дејство на алкохол за време на состанокот на Ибица, но исто така упати критики за тајниот видео запис, тоа беше нарачка, „смислено политичко убиство“.

На крајот од прес конференцијата и се извина и на својата сопруга заради своето недолично однесување

Видеото доаѓа на една недела пред изборите за Европскиот парламент, што може да и нанесе сериозна штета на ФПО, челниците Штрахе и Гуденус може да имаат и правни последици и да се соочат со обвиненија.

Од декемвра 2017, конзервативната партија на Себастиан Курц е во коалиција со екстремната десница партија чиј лидер до денеска беше Штрахе. Но, од скандалот полза може да има канцеларот Курц, кој би можел да ја раскине коалицијата со ФПО и да распише предвремени парламентарни избори, на кои постои голема веројатност неговата Народна партија да обезбеди мнозинство во Парламентот и самостојно да формира Влада.

Билјана Ставрова
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ