
Лабуристите ги прекинаа преговорите со владата за Брегзит
Лидерот на британските лабуристи ги прекина преговорите со владата за пронаоѓање начин за одблокирање на Брегзитот. Вчернашната потврда дека премиерката Меј заминува од функцијата во јуни беше последната капка во чашата на Корбин. Поради нестабилноста и слабата позиција на владата, според Корбин, не гледа начин како ќе се постигне договор.
Премиерката го објави датум кога заминува, има се поголема врема позади сцената од конзервативните министри и други кои не се согласуваа премногу со разговорите или со одржување на било каква дискусија, затоа ги затвараме преговорите, изјави Корбин.
Вчера, претседателот на Комитетот на членовите на Конзервативната партија Сер Грахам Брејди ја извести партијата дека премиерката Меј заминува од партиската функција по следното гласање за договорот за Брегзит во парламентот, кое е закажано за 3 јуни. Неофицијално, Ториевците очекуваат итна и неотповиклива оставка од Меј доколку договорот не биде изгласан и по трет пат.
Се договоривме да се сретнеме и договориме временска рамка за избор на нов лидер на Конзервативната партија веднаш штом помине второто читање а тоа ќе се случи без разлика какво ќе биде гласањето за втор референдум, дали ќе помине или не, рече Брејди.
Дел од владата, која се уште верува дека се шанса да се обезбеди подршка за договорот, се се повеќе загрижени дека противниците на премиерката внатре во Конзервативната партија ја водат кон неминовен политички дебакл. Дури и да помине договорот, Ториевците очекуваат Меј да замине во најкраток можен рок.
Пораката е дека таа мора да постави временска рамка за заминувањето или ние ќе ги промениме правилата и ќе има гласање доверба, вели членот на Конзервативниот комитет Џефри Клифтон Браун.
Тереза Меј и претходно успеваше да надмине невозможни пречки па затоа владата се уште се надева дека гласањето на 3 јуни ќе биде успешно. Покрај тоа дел од министрите сметаат дека лош резултат на двете партии на европските избори, ќе ги натера пратениците да размислат за блокадата на Брегзит.
Игор Трајков