Една жена е убиена во вооружен напад во синагога во Калифорнија

Вооружен напаѓач отворил оган во синагога во Калифорнија синоќа, убивајќи една жена додека уште 3 лица се ранети,меѓу нив и едно малолетно девојче, потврди полицијата.19-годишниот Џон Ернест е уапсен по крвавиот инцидент, кој се случи во местото Паувеј, северно од градот Сан Диего. Во синагогата се одржувала прослава по повод еврејскиот празник Пасха кога напаѓачот насилно влегол и отворил оган. Полицијата потврди дека се проверува активноста на уапсениот на социјалните мрежи, кој претходно немал криминално досие. Ние собираме дигитални докази и знаеме за неговиот манифест , кој сега го анализираме за да ја определиме неговата автентичност и релевантност. Како што знаете, едно лице трагично го загуби животот во престрелката. Во манифестот, кој бил објавен 8 часа пред нападот, 19-годишниот Ернест тврди дека бил инспиран од нападот на двете џамии минатиот месец во Нов Зеланд, како и од крвавиот настан во Питсбург пред точно половина година, во кој беа убиени 11 лица, најлошиот анти-семитски напад во подолг период во Соединетите американски држави. Во овој миг се чини дека станува збор за злосторство заради омраза и јас изразувам најдлабоко сочувство до засегнатите. Ќе ги откриеме сите детали. Слушнавме дека едно лице е приведено. Нема повеќе опасност. Полицијата заврши одлична работа. Одлична работа. Напаѓачот успеал да побегне од џамијата откако го извршил злосторството но набргу потоа неговото возило било пресретнато од патролна полициска екипа, која го уапсила. Полицијата потврди дека за уапсениот Џон Ернест се води и истрага заради поврзаност со подметнување пожар во една џамија минатиот месец.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ