
За денешните протести француската Влада мобилизира 60.000 полицајци
Француската Влада мобилизираше 60.000 полицајци од целата земја поради денешните протести на „жолтите елеци“.
Од движењето на „жолтите елеци“ велат дека несогласувањето со францускиот претседател Емануел Макрон не е неспоиво со тагата која Франција ја чувствува поради пожарот во кој значително е оштетена катедралата Нотр Дам.
Париската полиција предупреди дека нема да дозволи протести во близина на авенијата Шанзелизе и Нотр Дам.
Верниците вчера го одбележаа Велики петок во Париз на посебна прпцесија во близина на катедралата Нотр Дам.
Париските полициски истражители рекоа дека веруваат дека електричниот краток спој е најверојатно причина за пожарот.