Парижани се молат пред опожарената Notre Dame

Парижани се собраа во близина на Нотр Дам..пееја песни и молитви за иднината на катедралата која ја зафати пожар, во кој беше уништен кровот. За Парижани, осумвековната катедрала е срцето на нивниот град и затоа вознемиреноста од страотната глетка како гори, не сакаат да ја минуваат сами.

  • Полесно е да се носите со емоциите кога ќе ги поделите, отколку тагата да ја минувате сами. Овој момент на солидарност, љубезност, на кои сведочиме е навистина утеха. Покажува дека Нотр Дам не е само дел од париското и религиозното наследство, туку е дефинитивно дел од универзаното наследство, вели историчарот Филипе Грандкоинг.

И навистина, светот, отпрво шокиран, брзо се солидаризираше со Франција. Камбаните на Вестминистерската Опатија во Лондон ѕвонеа за поддршка…Славниот мост во Мостар беше обоен во боите француското знаме…исто како и Светскиот Трговски Центар во Њујорк.

За реставрацијата на Нотр Дам за еден ден се собраа повеќе од 800-тини милиони евра, од милијардери, и бизнис тајкуни. Утринава почнаа да пристигнуваат и првите камиони со градежен материјал. Францускиот претседател, Макрон вети дека Богородичната црква ќе биде обновена за пет години, но експертите предвидуваат 10 до 15 години, бидејќи според нив е потребна длабока проценка.

  • Во случајот на Нотр Дам среќни сме што само кровот беше уништен, и сигурна сум дека експертите во Франција прекрасно ќе вратат катедралата во првобитната слава, смета експретот за средновековна архитектура Ненси Ву.

Во рамки на истрагата на распит се повикани сите работници кои беа ангажирани на реставрацијата на црквата. Имајќи предвид дека пожарот избувна кај скелето каде е почната реставрацијата, сомнежот дека е несреќен случај е главната насока на истрагата. Државниот обвинител веќе изјави дека пожарот не е намерно подметнат, и дека станува збор за невнимание. За претхоната реставрација биле ангажирани пет фирми, од кои во оваа фаза една била ангажирана за поставување на скелето од каде почна пожарот. Сосптвеникот на оваа фирма видно возбуден излезе пред телевизиските камери и нагласи дека никој од неговите 12 вработени не бил на местото на настанот кога избил огнот. 50 истражители се ангажирани за да ја најдат причината за пожарот.

 

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ