Челниците на ЕУ Туск и Јункер пред европските парламентарци го соопштија новиот датум за Брегзит

Брегзит без договор е избегнат. Челниците на ЕУ Туск и Јункер пред европските парламентарци го соопштија новиот датум за излез на Велика Британија од европското семејтсво.

Со новиот датум 30 октомври е спречен потенцијално катастрофалниот Брегзит, тогаш ќе биде активиран членот 50, со што отпадна датумот 12 април. Ова е договорот на минатонеделен самит на ЕУ, одржан по итно барање на Меј. Денеска Туск на британските пријатели им порача дека во времето кое го добија треба да го искористат политичкиот простор и да најдат излез од моменталната ситуација.

„Европскиот совет ќе чека јасна порака од Велика Британија за патот понатаму. Ако договорот за повлекување биде ратификуван, одложувањето автоматски ќе заврши првиот ден следниот месец, што значи дека Обединетото Кралство тој ден ќе ја напушти унијата. На сите им е јасно дека нема повторно отворање на Договорот за излегување. Меѓутоа за да се олесни процесот на ратификација, ЕУ 27 е спремна повторно да ја разгледа политичката декларација за идните односи ако положбата на Велика Британија се развива“, истакна Доналд Туск, претседател на Европскиот совет.

Јункер потенцираше дека одлуката била донесена едногласно од сите земји членки на унијата и сега е време унијата да се насочи на позитивната агенда. Еве ги трите главн причини.

„Тоа беше прифатлив исход. Од три главни причини. Пред се, ја имаме поддршката од комисијата, ги усвоивме потребите мерки во случај на непредвидливи околности и подготвени сме за Брегзит без договор, но унијата нема ништо да добие од пореметувањата во Обединетото Кралство. Единстени кои би имале корист се оние кои се противат на мултилатерализмот и настојуваат да го поткопаат глобалниот правен поредок“, објасни Жан Клод Јукер, претседател на Европската комисија.

Некои земји членки на унијата преферираа одложување на Брегзитот на подолг рок, францускиот претседател Макрон беше многу внимателен, но сепак после шест часа беше договорено рокот за излезот од унијата да биде на крајот на октомври, со можност за Брегзит пред овој период ако Британија го ратификува договорот за повлекување. Туск рече дека во тешките моменти на европската историја потребно е да се сонува, а не да се препуштиме на фатализмот, без оглед на тежината на проблемот каков што е Брегзит.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ