Британската полиција го уапси Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, уапсен е денеска во амбасадата на Еквадор во Лондон, соопшти британската полиција.

Полициските претставници влегле во амбасадата на Еквадор, каде Асанж живееше минатите 7 години, во обид да ја избегне екстрадицијата во Шведска заради обвинувањата за сексуален напад,  случајот кој подоцна беше повлечен.

Претседателот на Еквадор Ленин Морено изјави дека неговата држава го повлекла азилот на Асанж заради неговите повеќекратни прекршоци на меѓународните конвенции.

Викиликс ја обвини власта во Еквадор дека одлуката за укинување на азилот на Асанж е незаконска и против принципите на меѓународното право.

47-годишниот Асанж, минатите години одбиваше да ја напушти амбасадата на Еквадор, тврдејќи дека доколку го направи тоа, ќе биде приведен и екстрадиран во Соединетите американски држави заради објавите на Викиликс.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ