Брегзит одложен до 31 октомври

На вонредниот самит во Брисел, европските лидери се согласија на флексибилно одложување на Брегзитот до 31 октомври. По неколку часовните разговори, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, испрати порака до Британците “да не го трошат времето” овој пат. Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Велика Британија се уште има цел да ја напушти ЕУ што е можно поскоро. Самитот се одржа откако Меј претходно побара Брегзитот да се одложи до 30 јуни, но целата процедура, европските лидери, одлучија да ја продолжат со цел Велика Британија да најде најдобро можно решение. Доналд Туск рече дека “курсерот сега се наоѓа во рацете на Британците, што значи дека ќе можат да го ратификуваат Договорот за повлекување, а во тој случај одложувањето може да биде стопирано”.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ