Прва фотографија од црна дупка

Денеска ќе биде објавена првата фотографија од црна дупка објави Кинеската академија на науките. Податоците на фотографијата беа обезбедени преку меѓународната програма Евент хорајзон телескоп, на која учествуваа повеќе од 200 истражувачи ширум светот. Тие започнаа со работа во април 2017 година со 8 телескопи распоредени околу целата планета и еден на јужниот пол.

Според научниците преку програмата собрале податоци за две супер големи црни дупки, Сагитариус А во центарот на нашата галаксија Млечниот пат и М87 во центарот на галаксијата Вирго А.

Фотографијата ќе биде објавена на пресконференции кои ќе се одржуваат истовремено во Шангај, Тајпеи, Токијо, Вашингтон, Брисел и Сантиаго.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ