Долниот дом на Британскиот парламент усвои закон со со кој забранува излез на земјата од ЕУ без договор

Долниот дом на британскиот Парламент усвои предлог-закон, кој гарантира дека земјата не може да излезе од ЕУ без договор.

Пратениците го усвоија предлог-законот со само еден глас разлика, односно 313 гласаа „за“, а 312 беа „против“.

Британија има само осум дена до 12 април да го усвои договорот за Брегзит и да излезе со нов план, или да ја напушти ЕУ без договор, што ќе предизвика огромни пречки и последици за граѓаните и компаниите во таа земја, но и во Унијата.

Предлог-законот треба да го усвои уште Горниот дом на Парламентот, што е многу веројатно. Со овој закон не се обврзува ЕУ да се согласи на одложување на Брегзит.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ