Преговорите за коалициска влада во Германија во крајна фаза

Преговорите на германската канцеларка Анкела Меркел за формирање нова коалициска влада меѓу нејзините конзервативци и социјалдемократите овој викенд влегуваат во крајна фаза.

Лидерите на Христијанската демократска заедница на Меркел (ЦДУ), нивниот баварски сојузник, Христијанската социјална унија (ССЦ) и Германската социјалдемократска партија (СДС) го определија овој викенд како краен рок за склучување преговори за новата владејачка коалиција.

Сепак, партиските претставници предупредија дека преговорите можат да продолжат до почетокот на следната недела.

Најголемата европска економија е без влада од изборите кон крајот на септември – најдолг период од основањето на модерната Германија во 1949 година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ