Топ Тема на ваша страна: Анкета за претседателските избори (25.03.2019)

Во Топ тема на ваша страна најнова анкета за претседателските избори. Во рамките на статистичка грешка е разликата меѓу кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска, а половина од нивниот рејтинг го има Блерим Река.

Во Анкетата што ја спроведе М-проспект голем процент на анкетираните или 18,3 отсто се уште не одлучиле за кој кандидат ќе гласаат, а за 17,9 проценти ниту еден од кандидатите не е прифатлив.

Кои карактеристики на претседателските кандидати им се важни на гласачите? На чии гласови може да се надеваат ако има втор круг гласање? Резултатите од истражувањето ги анализираат Марко Трошановски, Александар Кржаловски и Алберт Муслиу.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.