Сириските сили прогласија победа над Исламска држава

Сириските демократски сили поддржани од соединетите држави прогласија крај на петгодишниот Калифат на Исламска држава, по победата на милитантите во Сирија.

Борците на сириските демократски сили, ги истакнаа победничките знамиња во багуз, последното упориште на џихадистичката група. Силите прогласија целосен територијален пораз над исламска држава.

Велат дека Калифатот,  кој во еден периос, се протегаше на 88 илјади квадратни километри, преку поголемиот дел од сирија и ирак, исчезна, и вети дека сириските демократски сили ќе продолжат да се борат против остатоците на овие екстремистички групи додека целосно не се искоренат.

Иако поразот на Исламска држава во Багуз, означува крај на власта над џихадистичката квази- држава, прогласена во 2014 година, таа терористичка група сè уште претставува закана. Нејзини борци и натаму се утврдени во пустина во центарот на сирија, а во ирачките градови се притаени, изведувајќи повремени напади и киднапирања и чекајќи можност повторно да се издигнат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ