ЕУ го казни Гугл со 1,5 милијарди евра

Американскиот интернет пребарувач и маркетингшки гигант Гугл денеска беше казнет од Европската унија со 1,5 милијарди евра поради блокирање на реклами од трети страни. Унијата тврди дека Гугл ја злоупотребил својата доминатна улога во интернет просторот и го органичувал пристапот до ривалските компании од 2006-та до 2016-та година. Ова е трета казна од Унијата за технолошкиот гигант во изминативе две години.

Минатата година Унијата го казни Гугл со 4,34 милијарди евра затоа што го употребил својот широко распространет оперативен систем Андроид за паметни телефони да го блокира пристапот на корисниците до другите пребарувачи на пазарот. Претходно во 2017 година Гугл заработи уште една казна од 2,34 милијарди евра за попречување на веб-страниците за споредба на пазарите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ