Брод со 90 мигранти потона кај Либија

Брод со 90 мигранти, кој испловил од Либија на пат кон Италија потонал денеска во Средоземно Море, информираше Меѓународната организација за миграција.

Десетина тела досега биле исфрлени на либискиот брег. Повеќето од мигрантите биле од Пакистан.

Според се уште непотврдени информации три лица го преживеале бродоломот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ