Денеска најава за нови протести во Белград

И покрај најавите, синоќа во Белград не се одржаа протестите закажани од Сојузот на Србија во кој се собрани неколку опозициски партии. По инцидентот за време на викендот, кога демонстранти влегоа во зградата на српската радио телевизија, уапсени беа 18 лица, меѓу нив и средношколец и одреден им е притвор од 30 дена. Опозицијата постави ултиматум да се ослободат приведените, во спротивно ќе ги радикализираат протестите, но ништо од тоа не се случи.
А претседателот Вучиќ најави дека ќе ги амнестира приведените, но не и оние кои со моторна пила насилно влегле во зградата на РТС. Тој рече дека ќе разговара со дел од опозициските демонстранти, кои бараат предвремени парламентарни избори и слобода во медиумите. Власта и опозицијата вчера се обидоа да ја спуштат топката, но далеку се од решение. За денеска тие најавија протести за коивелат дека ќе бидат мирни.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ