
Јоханес Хан: Проширувањето на ЕУ е регата, а не конвој
Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервјуто за виенскиот весник „Курир“ изјави дека 2025 година, која Европската комисија ја посочи како временската рамка за прием на нови членки во ЕУ, не е „фиксен датум“, туку симболичен, кој треба да го мотивира земјите од регионот на Западен Балкан.
Според него, во процесот на проширување на ЕУ не постои бланко чек или кратенка, туку се земаат предвид само индивидуалните реформски резултати. – Квалитетот е пред брзината, истакна Хан.
– Сепак, битен е индивидуалниот напредок. Проширувањето на ЕУ е регата, а не конвој, нагалси Хан.
Според него, како што јави дописникот на МИА од Белград, Србија може да стане членка на ЕУ до 2025 година само доколку брзо ги спроведе конкетните реформски чекори и доколку обврзувачки и трајно да ги нормализира односите со Косово .
Како и сите други кандидати за влез во ЕУ и Србија треба да се концентрира на три приоритети – зајакнување на демократијата и владеењето на правото, економските и реформите на пазарот на работна сила, како и на регионалното помирување со соседите, вели Хан.
Тој посочува дека во последниве години во Србија е постигнат напредок во сите овие области, но дека сега се потребни „вистински пробиви“.
На прашањето дали Србија направила доволно во борбата против корупцијата, Хан истакнѕва дека и во таа област многу е направено, но дека сепак тоа е далеку од доволно.
Хан истакнува и дека Србија е историско-политички, како и економски. централен актер во регионот, а напредокот на Белград кон ЕУ ќе има стабилизирачки и позитивен ефект врз соседите