Станковиќ:  Протестите во Србија немаат перспектива

Дејан Вук Станковиќ, аналитичар од Белград смета дека протестите во Србија немаат перспектива, бидејќи нема масовност и нема јасно определена цел. Со него разговараше специјалниот репортер на Телма од Белград, Огнен Чанчаревиќ.

Станковиќ:  Јас мислам дека сме сега во некоја состојба во која релано никој не знае што ќе случува во иднина. Сметам дека стратегијата на опозицијата не и успеа, бидејќи не беше сериозно осмислена, а изостана и масовноста, односно поддршката од граѓаните. На митингот пред српското претседателство синоќа се собраа одвај илјада луѓе, што во град кој има милион и деветстотини илјади не некоја бројка, која може да го загрижи било кого освен организаторите на протестот. Второ, видовте дека оној упад во РТС не наиде на никаква поддршка дури и многу помал број на луѓе имаше отколку оние што дојдоа на митинг. Уште помал број уапднаа, а демонстрантите освен конфронтација со јавниот сервис не добија ништо освен што некои добија кривични пријави поради кои можат да сносат законски последици односно да одговараат пред суд. Во пропагандна смисла опозицијата со мала поддршка на луѓе, во крајна линија со нејасни цели и не можеше да добие некој вид на војна.

Така што сметам дека е реално да се очекува дека протестите полека но, сигурно да бидат насочени во правец на барање на некоја најмалку компромитирачка излезна стратегија. Бидејќи ако правите споредба со протестите кои во Србија се случуваа во текот на 90-тите години и поводите и целите, а пред се масовноста и интензитетот на простите беа значително поголеми и општествено базирани. Ова денеска е копија на тоа, бледа копија на тоа. Мислам дека не мое да има ни добри последици врз опозициските партии, бидејќи со нејасни протести и нејасни цели на протестите кои се нереални всушност им ја троши енергијата на луѓето кои се нивни сопартијци.

Јас не гледам некоја голема иднина на тие протести посебно она што го видов денеска од претседателот на Демократската партија, Лутовац, дека постојат некои поделби внатре меѓу опозиционоите партии имено еден дел од партиите кои припаѓаат на Сојузот за Србија му замеруваат на лидерот на десничарската партија Двери, на Бошко Обрадовиќ, што е на некој начин беше испирација и потстрек за еден дел од демонтрантите да влезат во РТС. Се плашам дека тој вид на пукнатина е всушност нешто што покажува дека тоа не некоја работа која има перспектива. Станува збор за тоа како ќе излезат од тоа, а бидат што помалку оштетени.

Телма: Кои ќе бидат следните чекори на претседателот Вучиќ?

Станковиќ: Тој го направи тоа што можеше. Најпрво ги овозможи тие демонтарции секаде и во Белград и со тоа озовозможи да „се уживаат“ одредени политчки слободи во оваа земја. Пред се слободата на говорот, слободата на мислаа и слободата на собирање. Претседателот Вуќич доби политичко – пропагандна војна со демонстрантите на улица затоа што тие едноставно повеќе немаат стратегија за денот потоа.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ