Кои се Двери?

Протестите во Белград против власта на Александар Вучиќ во прв план го исфрлија српското движење Двери, кое сепак за пошироката јавност во нашата држава е релативно непознато.

Самиот назив на ова движење, кое означува врата на иконостас, ги лоцира неговите идеолошките приоритети и политички цели.

Двери се формирани на денот на Свети Сава 1999-та година, првично како списание на студентите по Србистика на студентите на филолошкиот факултет во Белград.

На политичката сцена во соседната држава прв пат се појавуваат на изборите во 2012-тата година , но тогаш како и на вонредните избори 2014-тата не успеваат да обезбедат статус на парламентарна партија.

Овој статус го обезбедуваат на изборите во 2016-тата година, кога освојуваат 7 пратенички мандати.

Двери , како политичко движење се блиски до постулатите на крајната десница. Тие за себе тврдат дека се залагаат за христијански систем на вредности, кој го нарекуваат светосавски национализам, познат е и нивниот евроскептицизам, анти-глобализам, блискоста со Српската православна црква, но и конзервативизмот во поглед на општествени текови. Во прв план ги ставаат семејните вредности и повеќе пати жестоко се изјаснуваат против правата на ЛГБТ заедницата.

Лидерот на ова движење, Бошко Обрадовиќ, пред само 8 дена, на одбележувањето на 20-годишнината на Двери, порача дека не е Србин, тој што ќе ги заборави Косово и Метохија, Република Српска Крајина, Република Српска, Црна Гора и секој Србин кој живее вон границите на Србија.

Тој дополни дека нивната конзервативна , но модерна, пристојна и културна идеја ќе биде иднината на српската политика и значаен фактор за форирањето на идната влада.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ