
Едно лице убиено и повеќе повредени во можен терористички напад во Утрехт
Вооружен напаѓач отворил оган од автоматско оружје во Трамвај но и неколку други локации во Холандскиот град, Утрехт.
Најмалку едно лице е убиено во нападите а уште неколку лица се повредени, пренесуваат локалните медиуми.
Полицијата соопшти дека напаѓачот се уште е во бегство. Редовните линии на трамвајот и железницата се блокирани а властите побараа училиштата и џамиите во Утрехт да ги затворат своите врати.
Според холандските власти , со голема веројатност може да се каже дека станува збор за терористички напад а не се исклучува ниту можноста дека нападите ги извршиле повеќе напаѓачи.
Опасноста од безбедносна закана за провинцијата Утрехт е подигната на највисоко ниво.Анти-терористичките сили проверуваат повеќе објекти во градот додека холандскиот премиер, Марк Руте, изрази длабока загриженост по нападите и ги откажа преговорите за засилување на владеачкото мнозинство.