
Харадинај: Не е фер Западот да врши притисок само на Косово
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека сите сојузници на Косово бараат укинување на таксите за увоз на производите од Србија и оцени дека тоа не е фер бидејќи Србија е таа што поставува услови за продолжување на преговорите.
Позицијата на Берлин е сосема јасна – дијалогот е од клучна важност и мора да продолжи, а таксите се пречка и мора да бидат укинати, рече Харадинај коментирајќи го разговорот со најблиските соработници на германската канцеларка, Ангела Меркел.
Косовскиот премиер истакна дека ја разбрал пораката, но оцени дека сите би требало да престанат да ја притискаат само жртвата, што било случај со Косово. Тој го обвини Западот дека се однесува како Косово да живее во средниот век.
Дополнителен притисок врз Косово изврши и Брисел. Високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини рече дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе биде повторно ставен на маса тогаш кога Косово ќе ги укине таксите од 100% кои ги воведе за увоз на српските производи.