
Нема преживеани во падот на „Етиопиан Ерлајнс“
Авион на компанијата „Етиопиан Ерлајнс“ се урна брзо по полетувањето од Адис Абеба. Нема никој преживеан од 149-те патници и осум члена од екипажот, соопштија од компанијата. Патниците биле од 33 различни националности. Падот се случил во 8.44 утрината, шест минути откако новиот Боинг 737 Макс-8 полетал.
Не се знае причината за падот на авионот чија крајна дестинација требало да биде Најроби во Кенија. Сведоци велат дека кога паднал авионот имало огромна експлозија, околината е изгорена, а на терен се 4 хеликоптери.