
Лондон ги продолжува напорите за измени на договорот со Брисел
Министерот за Брегзит Стивен Баркли и јавниот обвинител Џефри Кокс денеска во Брисел ги продолжуваат биратнските напори за измени на договорот за напуштање на Унијата. Измените во веќе постигнатиот договор се однесуваат на северноирската граница, поради која договорот два пати беше отфрлен од парламентот.
Последното гласање е закажано за 12 март а формалното напуштање на унијата е предвидено за 29 март.
Премиерката Меј настојува бараните измени да бидат обезбедени и гласањето во парламентот да се одржи според планираното, но не ја отфрла можноста Лондон да излезе без договор доколку тој повторно биде отфрлен од парламентот.