Два ривалски концерти на границата на Венецуела со Колумбија

Со песни против блокадата. Дали вечерва музиката ќе успее да ги омекне закоравените политички противници во Венецуела? На оддалеченост од само 300 метри два ривалски концерти. Но, едните за да ја „бетонираат“ блоката, другите за да ја урнат.

Во Колумбија веднаш после граничниот мост со Венецуела каде е поставена блокадата од страна на луѓето на Мадуро ќе се одржи голем музички спектакл. Но венецуелскиот претседател на своја територија ќе одржи свој концерт. Бините се веќе поставени. Едниот концерт Венецуела Ед Лајв, го организира милјардерот Ричард Бренсон кој веќе ангажираше 32-ца уметници и латино ѕвезди, кои треба да му донесат 100 милиони долари помош за Венецуелците.

  • Мораме да се обидеме да им помогнеме на луѓето да ја добијат хуманитарната помош, помошта за гладните, се надеваме, на крајот на овој концерт, можеме да почнеме да ги набавиме залихите за луѓето во Венецуела да не патат толку, рече милјардерот Ричард Бренсон.

Концертите се мегдан во борбата за моќ меѓу Мадуро и Гуаидо, кој откако се прогласи за привремен претседател ја доби поддршката од САД, ЕУ и мнозинството земји од Латинска Америка. Додека неговите поддржувачи сметаат дека Мадуро ја донел земјата на раб на егзистенција и дека е неопходна хуманитарната помош, венецуелскиот претседател порекнува секаква криза и за него испораката на хуманитарната помош е тројанскиот коњ на САД. Неговиот поддржувач Русија ги обвинува САД дека се обидуваат да ја наоружаат венецуелската опозиција. Мадуро утрово ја затвори и границата кон Бразил, рече во земјата е добредојдена пмошта од Русија и Кина.

  • За среќа имаме поддршка од ООН, Пан-американската здравствена организација, СЗО и ширум светот, за среќа иамем поддршка од Куба, Русија, Кина, Турција, Индија и Палестина за се што претставува медицинска опрема за Венецуела, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Од друга страна инцидентите во внатрешноста на Венецуела станаа секојдневие – еден човек е убиен, а неколкумина се повредени во судир на група луѓе со венецуелските безбедносни сили кои возвратле со оган.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ