
Најмалку 11 загинати во пожар во Јапонија
Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар кој избил во прифатилиште за стари лица, кои примаат социјална помош на северот во Јапонија.
Како што соопшти полицијата пожарот избил пред полноќ во Сапоро на јапонскиот остров Хокаидо.
Пет лица се спасени, а загинале три жени и осум мажи.
На снимките се гледа како од прозорите и вратите на триспратната зграда избива огнот и чадот додека пожарникарите се борат со огнот. Станува збор за зграда стара 50 години, која ја користеле постарите сиромашни граѓани.