Тројца загинати кога автобус удри во патници на постојка во Истанбул

Три лица загинаа, а неколкумина други се повредени утрово кога автобус на градскиот превоз удри во група патници на една автобуска постојка во истанбулската населба Ускудар.

Автобусот се движел со голема брзина и удрил во лицата кои чекале на постојката. Според првичните информации, при инцидентот загинале две жени и еден маж.

На местото на настанот стигнале поголем број амбулантни и полициски возила, а полицијата го блокира реонот.

Засега не се познати причините за инцидентот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ