Путин и се закани на Америка дека ќе пука ако постави ракети во Европа

Русија ќе одговори на секое разместување на ракетите од среден дострел во Европа. И ќе цели не само во земјите во кои се наоѓаат, туку и кон Америка. Во своето прво годишно обраќање откако е резибран за претседател, Владимир Путин рече дека Русија не сака судир и нема да го направи првиот чекор – односно нема да ги преместува своите ракети како одговор на американското повлекување од Договорот за нуклеарно вооружување со среден дострел.

Русија нема намера, и ова е важно да се повтори, да распоредува ракети во Европа. Ако се произведат и распоредат на европскиот континент, и ако САД имаат такви планови, иако досега не сме слушнале поинакви изјави, тоа драматично ќе ја влоши ситуацијата во глобалната безбедност, и ќе создаде за Русија сериозна закана , бидејќи некои типови од овие ракети можат да стигнат до Москва за 10 до 12 минути. Тоа е сериозна закана за нас. Во тој случај, ќе мораме, нагласувам, ќе мора да предвидиме симетрични акции, порача рускиот претседател.

Путин не кажа точно кое негово оружје ќе ја заврши работата, но најави прогрес на нова хиперсонична ракета, која ќе биде претставена на пролет.

Сакам да ви кажам за хиперсоничната ракета Циркон, која може да патува девет пати со брзината на звукот, и има дострел на повеќе од 1.000 километри. Способна е да допре до цели и на море и на копно, рече Путин.

Ги обвини САД дека користат измислени обвинувања за да се оправдаат од повлекувањето на Нуклеарниот договор, што ја нартера и Русија да го суспендира своето учество од времето на Студената војна и да развива ново оружје. Меѓу американското владејачко раководство владее една идеја дека се супериорни во светот, вели Путин. Секако тоа е нивно право, но од нив барам само да пресметаат за дострелот и брзината на нашите системи за оружје кои ги развиваме, порача рускиот лидер. Ова е најостриот говор на Путин која се однесува на потенцијалната нова трка во вооружувањето – која пак дополнително ги затега веќе влошените односи со Вашингтон.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ