
Почина актерот Бруно Ганц, познат по улогата на Хитлер
Почина швајцарскиот актер Бруно Ганц. Ѕведзата на германската кинематографија, ќе остане запаметен по улогата на Адолф Хитлер во филмот „Падот“, од 2004-та година. Во неговата богата актерска кариера, тој играше во филмови од англиско и германско говорно подрачје. Го играше Ангелот во „Небото над Берлин“, на Вим Вендерс. Со Македонија го врзува улогата во филмот „Сведок“ на Митко Панов. Пред четири години, Ганц ја доби специјалната награда, Златна камера 300, за особен придонес во филмската уметност, на фестивалот Браќа Манаки во Битола. Бруно Ганц почина в Цирих по долго боледување. Имаше 77 години.