
Тајани: Западниот Блакан има јасна европска перспектива
Западниот Балкан има јасна европска перспектива но останува на нив да ја постигнат таа цел, оцени претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани при неговата денешна посета на Белград. Тајани смета дека Србија и Црна Гора би можеле да бидат подготвени за членство во ЕУ до 2025 година.
„Важно е Србија да направи исчекор кон приклучување кон ЕУ не само за доброто на државата, туку за доброто на сите нас“, порача Тајани.
Тајани нагласи дека ЕУ е најблизок партнер на Западниот Балкан, како во поглед на трговијата, така и во поглед на севкупната поддршка, додавајќи дека на земјите им се достапни средства за поддршка на процесот на проширување, како во 2018, така и за наредните години.
„Верувам дека Европа мора да продолжи да и посветува големо внимание на Србија, која има економски раст од 2 % и европските инвестиции можат да придонесат за зајакнување на овој раст.“
Претседателот на Европарламентот пристигнува во Белград неколку дена пред објавувањето на новата стратегија на ЕУ за Западен Балкан, која се очекува на 6 февруари. За таа цел една од темите за разговор со српскиот државен врв ќе биде Косово и прогресивно намалување на тензиите.
Игор Трајков