
Топ Тема на Ваша страна: Сообраќајни несреќи – лоша инфраструктура или човечки грешки (14.02.2019)
Трагедијата која не ја преживеаја 14 несреќни патници од автобусот отвора сериозни дилеми. Какви ризици демнат заради негрижа, лоша инфраструктура и субстандарден транспорт? Кои се критериумите за издавање лиценци на превозниците? Полицијата открива – секое трето возило на патиштата е неисправно. Засилени контроли или нови строги правила? Дебата со експертите за сообраќај – Елена Ангеловска Атанасовска, Зоран Јошевски, Дејан Трајковски.