
Хуманитарната итна помош е во средиштето на политичката борба меѓу Мадуро и Гуаидо
Хуманитарната итна помош е во средиштето на политичката борба меѓу Мадуро и Гуаидо, кој прогласи привремено претседателско лидерство, а Марудо за незаконски претседател. Венецуеласката војска лојална на претседателот Николас Мадуро продолжува со блокадата на мостот каде е стационирана хуманитарната помош. Подготвени вреќи со ориз, конзерви риба и друга храна богата со белковини за неухранетите деца се наоѓаат на колумбиската граница. Венецуелската опозиција вети испорака на американската хуманитарна помош од својата проблематична земја, дури ако тоа значи и масовна мобилизација на населението за да пренесат помошта. Соред Мадуро помошта е дел од државниот удар во режија на САД.
- Земјата не се развива врз основа на трошки и просење, таа вистија ја кажуваме со достоинство додека пливаме контра струјата, бидејќи моментот којшто го наметнаа светските медиуми дека Мадура ја одбива помошта, подарокот, тоа е пакет со лаги, пакетот е многу убав од надвор, хуманитарна помош, но одвнатре има отров, понижување и обид да се направи најголем злостор, а тоа е блокада и санкции на владата на САД кон Венецуела, рече Мадуро на прес-конференција.
Голем камион е поставен на блокадата на мостот Теиндитас во Урена, каде се стационирани и вооружени војници. Без успех се повиците на американските официјалници и водачите на венецуелската опозиција да се дозволи достава на помошта.
-Вие официјалните лица и воените сили на Венецуеал имате можност да учествувате во хуманитарната акција, да дадете одговор на проблемите во вашата земја, да го започне процесот, порача Кевин Витакен, американски амбасадор во Колумбија.
Населението од сиромашните предградија на Каракас иако тоне во беда му дава безусловна поддршка на Мадуро. Во нивните импровизирани живеалишта фрижидерите не се приклучени на стрија и се сосема празни. Тие веруваат во заштитата на т.н. „Колективи“ – огранизации, кои ја поддржуваат власта на Мадуро и придобивките од Боливиската револуција.
-Не е лесно не можеш да се навикнеш на тоа, групите се уште се борат едни против други, но ние се обидуваме да се носиме со таа ситуација. Се трудиме да си дадеме поддршка едни на други во нашето семејство а децата не сфаќаат што се случува, велат граѓаните.
-Се надеваме дека Мадури ќе го издржи товарот како Венецуелец, бидејќи е под голем притосок. Веруваме дека Господ ќе ни помогне.