
Министерството за култура ја објави Годишната програма некомплетна
Без офицајно соопштение до медиумите и без прес конференција, поради заминувањето на министерот за култура Адеми на Берлинскиот филмски фестивал, Министерството за култура во раните утрински часови на својата web страница http://kultura.gov.mk/ ја објави Годишната програма за подршка на проекти од национален интерес за 2019. Како што дознава Телма, во министерството ноќеска биле ангажирани сите вработени на подготовката и објавувањето на документот, но биле направени технички грешки поради кои одредени резултати биле повлечени. Како што може да се види од страницата на министерството, недостасува линк за одобрените проекти од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот, како и за капиталните инвестиции за кои годинава е формирана специјална нова комисија, чиј претседател исто така не е објавен во соопштението на страницата на министерството.
Со Годишната програма се подржуваат 2781 од пристигнатите 5560 на конкурсите за подршка на националните установи и за дејности и области, стои во соопштението на ресорното министерство, објавено на нивната web страница http://kultura.gov.mk