Брисел повторно ја одби Меј додека Корбин ја услови својата подршка

Европската унија нема повторно да ги отвори преговорите за британското напуштање на унијата, повтори уште еднаш претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Претседателот Јункер подвлече дека 27-те членки нема повторно да го отворат договорот за повлекување, кој претставува внимателно избалансиран компромис помеѓу ЕУ и Обединетото Кралство, во кој и двете страни направија значителни отстапки за да го постигнат договорот, вели портпаролот на ЕК Маргаритис Шинас.

Премиерката Тереза Меј денеска направи уште еден обид да издејствува промени во договорот кои се однесуваат на северноирската граница. Таа се надеваше дека ќе постигне резултат кој ќе и обезбеди подршка во британскиот парламент за договорот, но нејзините напори не даваат резултат.

Ова не само што ќе му нанесе штета на интегритетот на внатрешниот пазар на Обединетото Кралство, кој е од витално значење за бизнисот ширум Британија а не само овде во Северна Ирска. Ќе ја игнорира и реалната загриженост на многу луѓе дека ќе бидат отсечени од остатокот на Обединетото Кралство, изјави Меј.

Пред да замине во Брисел, Меј доби писмо од лидерот на опозицијата, во кое тој и ги соопшти условите за неговата подршка. И додека договорот падна во парламентот поради загриженоста на пратениците дека Лондон ќе остане пермаментно врзан за заедничкиот пазар, Џереми Корбин предлага постојано членство на Британија во царинската унија на Брисел, за да се избегне повторното воведување граница меѓу двете Ирски.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ