
Ќе му поверува ли американската нација на позитивниот говор на Трамп
Голема порција оптимизам се очекува да сервира американскиот претседател Доналд Трамп во својот традиционален говор за состојбата на нацијата. Ќе се обиде да го ресетира односот со Демократите, но и целата нација која му е гневна за неговата бескруполозна одлука да ја блокира работата на владината администрација. Блокада која траеше историски 35 дена, во кои 800.000 луѓе не примаа плата и беа на принуден одмор. Ѕидот со Мексико е најголемата болка и за демократите и за републиканците. Трамп се согласи да ја деблокира владата, но на само три недели, кога повторно ќе бара да му се одобрат спорните шест милијарди долари за изградба на граничната барикада. Затоа и му беше одложено денешното обраќање, кое, според аналитичарите ќе биде следено со нервоза.
Туку што излеговме од најдолгото затворање на владата во историјата на оваа земја. Се соочуваме и со рокот од 15-ти Февруари, кога е можно повторно затворање на владата. Ги имате претседателот и демократите кои се затворени во една многу, многу жешка и лута дискусија за неговото барање за пари за границата, кои демократите велат дека нема да му ги дадат. Имате претседател кој се заканува дека ќе прогласи вонредна состојба во земјата, вели Џил Колвин дописничка од Белата куќа за Асошиејтед прес.
Трамп ќе се обиде да ја објасни потребата за изградбата на ѕидот со неговата вечна тема – миграцијата, за која зборува со месеци наназад, поради безнедноста во Америка. Дека не е подготвен за компромис зборува и фактот што тешката машинерија за изградба на ѕидот веќе е на пат на југот од Рио Гранде во Тексас. Со парите одобрени лани од конгресот, издигнувањето на пограничните бариери продолжува.
Трамп ќе биде пријателски настроен и ќе порача да се избере големината во нештата. Но, прашање е колку демократите, па дури и републиканците ќе му поверуваат на позитините пораки. Со оглед на тоа што најчесто говорите му се претходно напишани според стандардите, а потоа си оди во Белата Куќа и преку Твитер се враќа на својата стара реторика, преку навреди и погрдни зборови, што е мејнстрим на едно претседателско однесување.
Алиса Шутиноска