
По горештините, Австралија погодена од поплави
По пеколните жештини, делови од Австралија ги погодија катастрофални поплави. На североистокот на земјата повеќе од 20.000 луѓе се присилени на евакуација поради опасност од поплави.
Поради наглиот пораст на реките на улиците се забележани крокодили и змии. Метеоролозите најавуваат нови врнежи во следните денови. Градот Таунсвил во Квинсленд е речиси целосно потопен. Жителите останале без струја, а многу од нив морале да избегаат од поплавите на покривите на куќите.
Тамошните власти соопштуваат дека вакви инциденти се случуваат еднаш во сто години. Денес се очекуваат нови обилни врнежи.