Пронајдени остатоци од авионот на Сала

Остатоци од авионот, што исчезна над Ламанш со аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала на крајот од јануари, се пронајдени на дното на каналот.

Семејството на играчот, кој патуваше на Островот по неговото преминување од француски Нант, било информирано за откритието кое ставило крај на надежите за среќен исход од драмата. Авионот на пилотот Дејвид Иботсон, исчезна од радарот на 21 јануари, за време на лет од Нант до Кардиф.  Се очекува во текот на денот да бидат извлечени на површината пронајдените остатоци.

– Не можам да верувам. Ова е кошмар. Очаен сум, изјави неговиот татко Хорацио Сала, откако дознал дека се пронајдени остатоци од авионот на неговиот син на дното на Ла Манш.

Се уште, сепак, не се пронајдени телата на фудбалерот и пилотот на авионот Дејв Иботсон.

– Ние секојдневно комунициравме и редовно ме информираа. Сега сум очаен, вели таткото на Емилијано пред аргентинските медиуми.

Сала беше на авионот кој исчезна од радарот на 21 јануари во Англискиот канал. Со него беше пилотот Дејв Иботсон. Сала патуваше до Кардиф, за кој неодамна потпиша, но тој никогаш не стигна дотаму.

Истрагата за исчезнатиот авион беше суспендирана по три дена, бидејќи спасувачите не нашле докази дека Сала и пилотот се живи, односно дека шансите да преживеат се рамни на нула.

Оваа вест обедини голем број на фудбалери. Меѓу нив беа Лео Меси, Гонзало Игуаин, Н’Голо Канте, Килијан Мбапе, кои испратија пораки за поддршка на семејството и апелираа до службите за спасување да продолжат со потрагата.

Многу спортисти помогнаа финансиски за да продолжи потрагата и на крајот успеаја во нивната акција да се дознае вистината.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ