
Американците погодени од поларни температури
Повеќе од 200 милиони американци се подготвуваат за рекорден поларен студ, кој се очекува до крајот на денот да погоди десетина сојузни држави. Студот, кој трае по минатата недела, досега однесе три жртви. Властите на Илиноис, Мичиген и Висконсин прогласија веќе вонредна состојба, затворени се училиштата, откажани се повеќе од 2.500-тини авионски летови, а луѓето треба да останат дома, бидејќи денеска големиот Чикаго ќе се соочи со температура од неверојатни минус 57 степени. Што значи дека ќе биде постуден и од некои делови на Антарктикот. За луѓето ова се живото-загрозувачки услови.
Кога имаме температури што се под нулата, за нас тоа е загрижувачки, од многу причини. Прво, постои очигледен ризик од смрзнатини, но постои и ризик за брзи живото-загрозувачки проблеми од студот – срцето може да сопре бидејќи на телото му е многу студено, вели д-р Рајан Феј директор на Центарот за изгореници во Чикаго.
Ако излезете на ваков студ, можно е за 15 минути да добиете смрзнатини на кожата. И поради тоа, животот во цела северна Америка како да стои. Поштенската служба – позната по својата посветеност да ја доставува поштата по сите временски услови, привремено ги запре своите услуги кон државите погодени од поларните темепратури. За првпат во својата 150-години стара историја, затворена е зоолошката во Чикаго.
Затворањето на Зоолошката е безбедносна мерка за вработените, но и за потенцијалните посетители кои сакаат да дојдат, но секако и за животните, вели кураторот во зоолошката „Линколн“ во Чикаго.
Научниците, овие ниски температури ги објаснуваат со наглиот раст на темепратурата во стратосферата над Северниот пол на висина од 20 до 30 километри. Тоа придонесува за двоење на т.н. поларен вортекс или вртлог на два дела, од кои еден се движи кон Канада, а другиот кон Евро-азија носејќи арктички воздух, кој до сега не е доживеан…Но, ниту научните објаснувања не го спречија Доналд Трамп да го исмева феноменот на глобалното затоплување. На Твитер напиша.
Што по ѓаволите се случи со глобалното затоплување? Те молам врати ни се побрзо, ни требаш.
Сепак, научниците го демантираат Трамп со податокот дека Земјата значително е потопла од пред 30 години, а посебно од пред еден век. Поентата на глобалното затоплување е што луѓето ги чувствуваат климатските промени, на кои ќе мораат да се навикнат.
Алиса Шутиноска