Нафтени санкции за Мадуро да се повлече од претседателскиот трон

Продолжува дипломатскиот раскол меѓу Венецуела и САД. За актуелниот претседател на венецуела Мадуро да се согласи на мирна транзиција на власта, Вашингтон одлучи да воведе санкции за најголемата нафтена компанија која е под американска јурисдикција. Замрзнати се седум милијарди долари од сметката на компанијата Цитго, кои според Вашингтон, Мадуро со години ги злоупотребува парите од Петролеум Де Венецуела, поради што земјата е доведена во страшен економски колапс.

„ПДВСА со години е средство за проневера, корупција за многу венецуелски официјални лица и бизнисмени. Денешната одлука за ПДВСА ќе помогне да се спречи понатамошното пренасочување на парите од страна на Мадуро и ќе ги зачуваат тие пари за луѓето во Венецуела, каде што припаѓаат“, најави првиот американски финансиер Стивен Мнушин.

За Мадуро, ова е обид за државен удар, и целта на Трамп е да го собере целото богатство на Венецуела.

„Ова покажува дека нивната цел е да ги земеме нашите богатства. Која е целта на владата на САД? Земете ги имотите од Венецуела, богатството на Венецуела, парите на Венецуела и подоцна тие се стремат да ја одведат нашата земја..И ние му кажуваме на Доналд Трамп, не се мешај во Венецуела. Рацете подалеку од Венецуела. Доналд Трамп, рацете подалеку од Венецуела. Веднаш“, порача Мадуро.

Американските санкции ќе имаат негативни ефекти не само за венецуелаксата економија, туку ќе влијаат и на светската, тврдат аналитичарите од Каракас.

„Нафтата е стратешки ресурс поврзан со светската економија и исто така и “крв” на економското работење. Санкциите ќе влијаат не само на економијата на САД, туку и на светската економија“, смета аналитичарот Гиокоеча.

Но, Америка е сигурна во овој потег, бидејќи има нафтени резерви кои допрва треба да се искористат, тврди првиот финансиер. Оваа економска одлука е клучна во обидот да го симнат Мадуро од власта во земјата која е најбогата со нафтени резерви, но животниот стандард е на рангот со оној на Сомалија и Зимбабве. За шест години нема ништо, ниту храна, ниту лекови, а инфлацијата изнесува еден милион проценти. Според Транспаренси интернешанал, Венецуела е најкорумпираната земја во Западната хемисфера.

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ