Итна седница на СБ во ОН за кризата во Венецуела

Советот за безбедност на ОН денеска ќе заседава на итна седница на барање на САД, за да расправа за кризата во Венецуела. Америка вчера ги повика сите земји да го поддржат опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за нов претседател на Венецуела, откако народот масовно излезе на протести барајќи оставка од актуелниот претседател Никола Мадуро. Ситуацијата ескалираше кога Мадуро, по потегот на Вашингтон, им даде рок американските дипломати до утре да ја напуштат земјата. Во меѓувреме, Гуаидо го одбил предлогот на Мадуро да седнат и да разговараат за ситуацијата во која се наоѓа земјата. Опозицискиот лидер побара итна хуманитарна помош од Обединетите нации. Венецуела, иако е земја која поседува најмногу нафтени резерви, со години се наоѓа во економска криза, а стапката на инфлација е најголема во светот, поради што три милиони луѓе ја напуштиле земјата. За лошата состојба, опозицијата го обвинува Мадуро дека е неспособен да овозможи подобар животен стандард за народот.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ