Уапсен првиот соработник на Доналд Трамп

Долгогодишниот соработник и специјален советник на Доналд Трамп е уапсен. Полициските специјалци утринава во домот на Роџер Стоун во Флорида извршиле претрес, го привеле и 4 часа бил на распит.

Обвинет е по седум точки, меѓу кои и за злоупотреба на службената положба, давање лажна изјава во Конгресот и влијаење врз сведоци. Обвинението против Стоун го поднесе специјалниот обвинител Роберт Милер, кој ја води истрагата за руското мешање во американската предизборна кампања во 2016-та година. Наводно, Стоун поседувал инсајдерски информации собрани од хакирање на електронската пошта на неколкумина демократи, кои имале за цел да ги оцрнат, вклучувајќи ја и противкандидатката на Трамп, Хилари Клинтон. Стоун се повикал на петтиот амандман од уставот, бара јавно да сведочи, и користејќи го речникот на Трамп, за него целата работа е ловење на вештерки.

  • Ако г-дин Шиф има некаков доказ дека сум бил претходно известен за изворот или за содржината за наводно хакираните или украдени мејлови, објавени од Викиликс, или дека сум добил нешто слично, го предизвикувам да ги објави сега или нека проклето замолчи, порача Стоун до првиот истражител. 

Обвнителството тврди дека Стоун примал и бројни мејлови и смс пораки во кампањата, во која ја спомнува Организација 1, и нејзниот предводник кој поседува хакирани мејлови. Не е наведено што значи Организација 1, но описите одговараат на Викиликс која објавува тајни информации од неименувани извори. Стоун ја имал таа комуникација и во време кога за неа во Конгресот лажно сведочел. Разговарал и со другите соработници на Трамп и им кажал дека ги поседува информациите кои би можеле да и наштетат на Хилари Клинтон, а потоа тие соработници барале од него да се распраша во Викиликс дали да ги објават.

Седумте обвиненија против Стоун, кој себеси се нарекува „валкан измамник“, е првото кривично дело во работата на специјалниот обвинител Милер и обезбедува најмногу детали за тоа како соработниците на Трамп свесно поседувале украдени информации за да го оцрнат противкандидатот во претседателката кампања.

Стоун е долгогодишен пријател на Трамп, кој од 1972-ра работи на кампањите на републиканците, почнувајќи од Ричард Никсон. За тоа како го донел Трамп на власт напиша во својата книга „Создавањето на претседател во 2016-та“.

 

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ