Меј го објави „планот Б“ за Брегзит кој многу наликува на „планот А“, Германија е разочарана

Британската премиерка Тереза Меј го објави својот „план Б“ за Брегзит, кој многу наликува на „планот А“, во обид во Парламентот да издејствува усвојување на отфрлениот договор за излез на Велика Британија од ЕУ, откако ќе обезбеди промена на ставот на Унијата за границата со Ирска. Германија е разочарана од овој план на Меј и предлагаат втор референдум.

Старо-новиот план за дел од европските министри за надворешни не е прецизен. Предлагаат Меј сепак да се консултира со пошироката политичка јавност и да достави точен предлог за она што општеството го сака. Остануваат на ставот дека нема да има нови преговори и промена на нивната позиција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ