
Повторно насилство и тензии на улиците на Париз
Најмалку 40 лица беа уапсени за време на судирите меѓу демонстрантите од жолтите елеци и полицијата во текот на десеттиот последователен викенд протест во Париз.
Маршот на демонстрантите започна од од Споменикот на Наполеон во Париз, како потсетување на 10-мината убиени во сообраќајни несреќи поврзани со протест, а стотици повредени од почетокот на движењето на 17-ти ноември.
Денеска пред затворот бараа ослободување на припадниците на Жолтите елеци кои поради насилство против полицијата се наоѓаат во притвор.
Дел од демонстрантите носеа маски и фрлаа тврди предмети кон полицијата, срушија семафор пред полицијата да одговори со солзавец и водени топови.
Во Париз и околината беа расопредени 5.000 полицајци, особено околу владините згради, а 80.000 полицајци беа ангажирани на територија на цела држава.
Судири имаше во Бордо, Тулуз и западниот град Рен.
Протестите се одржаа и покрај отпочнувањето на националната дебата од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, чија цел беше да се справи со гневот на жолтите елеци.