
Историски пораз за Тереза Меј и нејзиниот договор со ЕУ – 432 гласа „против“, само 202 гласа „За“
„За“ се изјасниле 202 пратеници, „против“ се 432 пратеници.
„За“ се изјасниле 202 пратеници, „против“ се 432 пратеници.
Ред, ред. Значи дека оние „против“ добиваат. Оние „против“ добиваат.
Најголемиот пораз во современата историја на британската влада и припадна на премиерката Тереза Меј и нејзиниот план за Брегзит.
Дури 432 пратеници гласаа против договорот за излез од Европската Унија, додека само 202 парламентарци застанаа покрај Меј.
Но, тука не завршуваат проблемите за Меј, веднаш по катастрофалниот резултат, лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин поднесе барање за гласање на доверба кое би требало да се случи во текот на утрешниот ден.
Корбин поразот на Меј го опиша како најголем за британската Влада од 1920 година. Ја обвини Тереза Меј дека се обидува да ги убеди луѓето од парламентарната говорница, иако народот и парламентарните партии се изјаснија. Тој го повтори својот план да не го затвора дијалогот со ЕУ и да издејствува трговска унија со блокот и слобода на движење на луѓето.
„Подава рака единствено сега во надеж дека ќе го спаси својот пропаднат процес и договор, кој беше толку широко одбиен од парламентот и во име на граѓаните на оваа земја“.
Со тоа Британија се доведе до ситуација која може само да се нарече опише како комплетна каша.
Се ќе зависи од тоа дали Корбин во овој момент може да најде мнозинство за симнување од власта на Тереза Меј и распишување нови избори. Вистинскиот проблем во Британија е што се нема мнозинство за ниту едно сценарио или алтернатива која би ги извадило од политичката и парламeнтарната блокадата.
Одлуката на Корбин кој пак се обидува да го зграпчи политичкиот момент, ги разочарува проевропејците кои се надеваа на можноста за распишување на втор референдум. Корбин не ја исфрла таа можност, но таа во моментот е последен од неговите приоритети.
Доколку утре пратениците изгласаат недоверба на владата, владата или кој било што може да обезбеди мнозинство и да го раководи, ќе добие 14 дена со цел да освои нова доверба во парламентот. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе бидат распишани парламентарни избори.
118 конзервативни пратеници од партијата на Меј својот глас вечерва и го дадода на опозицијата и против договорот на Меј. Во нормални околности, по така тежок пораз во британскиот парламент, би се очекувала оставка од премиерот.
Но, ова не се нормални времиња за Лондон и цела Британија. Меј се изјасни дека има намера да продолжи и дека планира да понуди меѓупартиски разговори со цел изнаоѓање начин како понатаму со Брегзитот.
Датумот за излезот се повеќе се приближува, и се повеќе се приближува провалијата нараченна излез за Британија од ЕУ, без никаков договор.
Времето истекува, за Меј и за иднината на цела Британија.
Ивор Мицковски