
Деморџан: Во Африн убиени 14 војници и припадници на Слободната сириска армија, 130 ранети
Вкупно 14 турски војници и припадници на Слободната сириска армија се убиени и 130 ранети од почетокот на турската операција во Сирија, изјави денеска турскиот министер за здравство Ахмед Деморџан, по посетата на турските војници кои се хоспитализирани.
Тројца од загинатите се турски војници, а 11 се бунтовници од коалицијата ССА поддржана од Турција. – Ниту еден од ранетите не е во критична состојба, рече министерот и додаде дека во регионот е испратен дополнителен медицински персонал.
На 20 јануари турските сили почнаа со операција против курдските Сили за заштита на народот во реонот на сирискиот град Африн каде живеат околу 1,5 милиони сириски курди.