Харадинај: Веднаш ќе ја укинеме таксата кон Србија ако почне да се однесува европски

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека Белград е продолжена рака на Москва на Балканот и дека Приштина веднаш ќе ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија доколку таа почне да се однесува европски.

– Со тоа што и го отворивме нашиот внатрешен пазар, ние на Србија ѝ дадовме стотици милиони за да купува оружје во Москва. Доколку Србија не се смени, тогаш таксата ќе остане засекогаш. Доколку сака да се договориме за меѓусебно признавање и да работи на Балканот според европската и американската логика, ќе ја укинеме таксата уште денеска. Србија е мини-Русија на Балканот, изјави Харадинај на предновогодишната средба со новинарите.

Тој додаде дека таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина претставува и економска мерка, во заштита на косовското стопанство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ