
Повторно апсења во Бања Лука на протестот „Правда за Давид“
Во Бања Лука наместо новогодишна забава на градскиот плоштад продолжуваат демонстрациите со единствено барање „Правда за Давид“.
Додека за лидерот на босанските Срби Милорад Додик демонстрантите ја преминале секоја граница, таткото на убиениот Давид синоќа пред насобраниот народ порача – Барањата се стари осум месеци. Не си заминувам одовде.
- Одовде не си одам! Порака до Миролад Додиќ и на Драган Лукач, до целата држава додека барањата мои не се исполнат, а не ги исполните и ќе бидат се порадикални. Јас не сум тука вечерва за да урнам некого. Јас правно ќе ве срушам и веќе ја урнав целата држава, рече Давор Драгичевиќ, татко на убиениот Давид.
Мајаката на убиениот Давид прстот го впери во министерот за внатрешни работи.
- Тој е одговорен за убиството на моето дете. Лукач е за мене најголемиот виновски дури поголем и од самиот убиец, рече Сузана Радановиќ, мајката на убиениот Давид Драгичевиќ.
Демонстрациите завршија со апсења, меѓу приведените е и таткото на убиениот Давид. Денеска градоначалникот на Бања Лука рече дака ќе ги исполни барањата на граѓаните и дека е откажан новогодишниот концерт на Харис Џиновиќ, но најавени се настапи на Жељко Самарџиќ и Никола Роквиќ, а дел од граѓаните најавија дека ќе дојдат за да ја спречат новогодишната прослава со пораката- „Нема славје додека не бидат пронајдени убијците“.
Родителите на Давид Драгичевиќ тврдат дека тој бил киднапиран, мачен, силуван и дека на крајот го убиле припадници на МВР на Република Српска.
Од 26 март на бањалучкиот Плоштад на Краина секоја вечер се одржуваат собири „Правда за Давид“.
Билјана Ставрова