Владината блокада во САД ќе продолжи и во новата година

Делумната владина блокада во САД најверојатно ќе продолжи и во новата година затоа што двата дома на Конгресот не можат да се договорат за финансирањето на изградбата на ѕидот со Мексико. Членовите на Претставничкиот дом синоќа заседаваа само неколку минути за време на кои не го ни допреа прашањето за финансирањето на ѕидот.

Неговата изградба е изборно ветување на претседателот Трамп и тој изјави дека нема да прави компромиси додека не бидат одобрени финасиите за тоа. Трамп одби да го потпише буџетот што предизвика затварање на голем дел од институциите на федералната влада.

Стотици илјади административци во федералната влада остануваат на неплатено отсуство или работат редовно без да знаат кога и дали воопшто ќе добијат плата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ