
Најмалку тројца загинати во тешка железничка несреќа во Милано
Најмалку три лица загинаа, десетина се тешко повредени, а уште 110 лица се здобија со полесни повреди во денешната железничка несреќа во Милано.
Возот што се движел на релација Кремона – Милано излетал од шините и при тоа се превртеле два вагона.
На местото на несреќата веќе пристигнале спасувачки екипи и се обидуваат да ги извлечат патниците, а повредените лица се хоспитализирани во локалната болница.
Се уште не се познати причините за несреќата